Ајатолахот на Иран: На ционистичкиот режим му остануваат само неколку дена

Ајатолахот на Иран: На ционистичкиот режим му остануваат само неколку дена

пред 10 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, денес изјави дека „на кревкиот ционистички режим му остануваат само неколку дена“, во услови на ескалација на тензиите меѓу Иран и Израел.

Доцна синоќа, Иран лансираше неколку серии ракети кон северен Израел, по израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут.

Потоа Израел започна напади врз западен и централен Иран, при што беа пријавени експлозии во неколку ирански градови, вклучувајќи ги Техеран, Исфахан и Тебриз.

Техеран го обвини Вашингтон дека е директно одговорен за континуираниот конфликт на Блискиот Исток откако претходно Иран и Израел разменија оган за прв пат од прекинот на огнот на 8 април, а проиранските Хути повторно го нападнаа Израел за неколку недели.

„Никој не верува дека ционистичкиот режим (Израел) би презел какви било чекори без претходна координација и соработка со Соединетите Американски Држави“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, нагласувајќи ја „одговорноста на Соединетите Американски Држави“.

„Дејствата на ционистичкиот режим во регионот не можат да се одвојат од американската политика“, додаде тој на прес-конференција во Техеран на која присуствуваше АФП.

фото/ Depositphotos

Текстот Ајатолахот на Иран: На ционистичкиот режим му остануваат само неколку дена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top