Балтички земји: Воведуваме санкции за грузиски официјални лица поради задушување на протестите

Балтички земји: Воведуваме санкции за грузиски официјални лица поради задушување на протестите

пред 3 недели

Литванија, Летонија и Естонија заеднички ќе воведат национални санкции против грузиските функционери кои учествуваа во задушувањето на протестите во Грузија, објави денеска естонскиот министер за надворешни работи Маргус Чакна.

„Трите балтички држави заеднички се согласија да воведат национални санкции против оние кои ги задушуваа легитимните протести во Грузија“, напиша тој на мрежата Х.

Во заедничката изјава објавена на социјалната мрежа, министрите за надворешни работи на Естонија, Литванија и Летонија велат дека противниците на демократијата и прекршителите на човековите права не се добредојдени во нивните земји.

Текстот Балтички земји: Воведуваме санкции за грузиски официјални лица поради задушување на протестите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top