Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе замине на своето прво патување во странство кон средината на јуни, во Велика Британија и Белгија, соопшти денеска Белата куќа.
Бајден ќе учествува на самитот Г7 од 11 до 13 јуни во Корнвол, а потоа и на самитот на лидерите на НАТО во Брисел на 14 јуни.
„Тој ќе присуствува на самитот ЕУ/САД во Брисел за да ја потенцира посветеноста на Вашингтон за силно трансатлантско партнерство засновано на заеднички вредности“, соопшти американската влада.
Белата куќа соопшти дека набргу ќе обезбеди повеќе детали за патувањето, особено за можни дополнителни елементи, што предизвика шпекулации за можна средба со рускиот претседател Владимир Путин.