Бајден: На ​​половина пат сме, 50 милиони вакцини за 37 дена

пред 4 години

Претседателот на САД, Џо Бајден, изрази задоволство од фактот дека 50 милиони дози се употребени во кампањата за вакцинирање против Ковид-19 од неговото преземање на функцијата, но предупреди дека сè уште не е дојдено време за релаксација, пренесува британски „Гардијан“.

Весникот наведува дека американскиот претседател потврдил дека неговиот план за примена на 100 милиони дози во првите 100 дена од мандатот се реализира повеќе од добро и дека за 37 дена откако е на чело на САД веќе се потрошени 50 милиони вакцини, пренесува „Танјуг“.

„Ние сме на половина пат: 50 милиони дози за 37 дена, тоа е неколку недели пред планираното“, рече Бајден.

Претседателот на САД, исто така, предупреди дека може да се шират нови видови на вирус, што ќе доведе до повеќе случаи на инфекција и хоспитализации и апелираше до Американците да продолжат да ги почитуваат мерките на владата за да се сузбие Ковид-19.

„Гардијан“ исто така наведува дека Бајден не можел да прецизира кога земјата ќе се врати во нормала, но тој потврдил дека приоритет на неговата администрација е да овозможи тој ден да дојде што е можно побрзо.

Share
Scroll to Top