Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека в година неговата администрација ќе донесе нов пакет мерки за помош на економијата поради Ковид-19, вклучително и нова рунда плаќања на стимуланси, пренесува „Ројтерс“.
Бајден на прес-конференција рече дека пакетот мерки за помош на економијата во износ од над 735 милијарди евра (900 милијарди долари), што Конгресот го усвои неделава, ќе биде првиот чекор, но дека владата ќе мора да стори повеќе за тоа прашање.
„Нашите најмрачни денови во борбата против Ковид-19 се пред нас, а не зад нас“, смета Бајден.