Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден денеска изјави дека помилувал 39 лица осудени за ненасилни злосторства и дека им ги скратил казните на речиси 1.500 лица, кои издржуваат долги затворски казни.
Помилувањето и намалените казни дојде една недела откако Бајден потпиша безусловно помилување за својот син Хантер, објави „Ројтерс“.
Официјални лица минатата недела рекоа дека Белата куќа ги слуша барањата на Бајден да ја изрази истата милост кон илјадници луѓе на кои им е нанесена неправда од правосудниот систем.
Текстот Бајден помилува 39 лица осудени за ненасилни злосторства, им ги скрати казните на 1.500 лица е превземен од МАКФАКС.






