Бебе од Србија почина на Халкидики: детето се задушило пред очите на родителите среде ресторан

Бебе од Србија почина на Халкидики: детето се задушило пред очите на родителите среде ресторан

пред 18 часа

Тринаесетмесечно бебе од Србија ненадејно го загуби животот во ресторан на Халкидики. Според грчките медиуми, трагедијата се случила пред очите на родителите на детето.

Се верува дека малото дете, кое било на одмор во Грција со својот татко (31) и мајка (32), се задавило со храна. Инцидентот се случил околу 18 часот, додека детето седело на маса со своето семејство и почнало да се дави.

Сцените што следеле биле ужасни. Родителите, во паника, се обиделе да го спасат детето, а веднаш била повикана итна помош.

Бебето прво било однесено во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, а потоа во болницата во Полигирос, каде било прогласено за мртво.

Текстот Бебе од Србија почина на Халкидики: детето се задушило пред очите на родителите среде ресторан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top