Белата куќа негира дека е разрешена шефицата на разузнавањето

Белата куќа негира дека е разрешена шефицата на разузнавањето

пред 2 часа

Белата куќа остро ги негираше медиумските извештаи дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ја разреши директорката на националното разузнавање Тулси Габард, нарекувајќи ги лажни вести.

Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг, изјави дека Трамп има целосна доверба во Габард.

Неговата изјава дојде како одговор на извештаите дека Трамп има намера да ја разреши шефицата на разузнавањето поради загриженост за начинот на кој таа ги води внатрешните работи на агенцијата, објави агенцијата „Анадолија“.

Истите медиумски извештаи наведуваат дека Трамп размислува и за дополнителни промени во својот тим, откако ги разреши државниот обвинител Пам Бонди оваа недела и министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем минатиот месец.

„Претседателот го состави најталентираниот и највлијателниот кабинет досега, кој заедно постигна историски успеси за американскиот народ“, рече Чунг.

 

фото/Depositphotos

Текстот Белата куќа негира дека е разрешена шефицата на разузнавањето е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top