Морнари денеска пронашле тело на помлад маж во Дунав кај Ада Хуја, потврдиле службите за српскиот портал „Телеграф“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Српските медиуми веќе на големо пишуваат, дека според сомнежите се работи за исчезнатиот Хрват, Матеј Периш (27).
Човекот на себе носел фармерки, маица со апликација и една бела патика.
Полицијата го извлекла телото, а на местото на настанот се и форензичари.
Младиот сплиќанец исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември.
Според сведоштвата, тогаш тој го напуштил клубот „Готик“ и оттогаш му се губи секоја трага.
Неговото исчезнување во полиција го пријавиле пријателите кои биле со него ноќта и оттогаш се води интензивна потрага.