Белорусија ќе возврати на санкциите

пред 3 години

Белорусија соопшти дека ќе возврати откако САД и нивните сојузници воведоа санкции за десетици физички и правни лица таму, и се пожали дека нејзината економија се соочува со невиден надворешен притисок.

„Нашата економија е под надворешен притисок од невидени размери и длабочина“, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесе белоруската државна агенција Белта.

Неколку пати изјавивме дека сите непријателски антибелоруски чекори ќе бидат придружени со соодветни мерки за одговор, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Белорусија и се додава дека новата рунда санкции не е исклучок, пренесе Ројтерс.

Share
Scroll to Top