Белоруската армија започна обука за борбена употреба на нуклеарно оружје

Белоруската армија започна обука за борбена употреба на нуклеарно оружје

пред 10 часа

Со цел да се подобри подготвеноста на вооружените сили на Белорусија за употреба на современо оружје, вклучително и специјална муниција, белоруската армија денес започна со спроведување обука за борбена употреба на нуклеарно оружје и нуклеарна поддршка, објави Министерството за одбрана на Белорусија.

Целта на обуката е да се подобри нивото на обука на припадниците на белоруската армија, да се провери подготвеноста на оружјето, воената и специјалната опрема за извршување на задачи и организирање на борбени операции од непланирани области.

Оваа воена вежба, која се спроведува во соработка со руската армија, се фокусира на испорака на нуклеарно оружје и нивна подготовка за употреба.

Главната цел на вежбата е да се провери подготвеноста за извршување на борбени задачи од неподготвени области низ цела Белорусија и да се вежба прикривање, движење на долги растојанија и пресметување на обемот на распоредување на сили и опрема.

Оваа обука, која се спроведува во границите на Белорусија, не е насочена против трети земји и не претставува закана за безбедноста во регионот, објави белоруското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.

Текстот Белоруската армија започна обука за борбена употреба на нуклеарно оружје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top