Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

пред 3 години

Австрискиот министер за надворешни работи Мајкл Линхарт и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно поголемо присуство на ЕУ и САД во Западен Балкан.

Ова кaко што пренесуваат медиумите во регионот го изјавил министерот Линхарт по телефонскиот разговор со неговиот американски колега.

Тој посочи дека тема на разговор бил пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија, во кој Блинкен го поздравил посилниот ангажман на Австрија во регионот.

„Наш заеднички интерес е ЕУ и САД да бидат присутни во регионот и да дејствуваат координирано“, посочи Линхарт.

Блинкен, исто така, ја потврдил важноста на трансатлантските односи за безбедноста и просперитетот на Европа, САД и светот.

Процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е значително забавен, делумно поради слабите реформи во земјите апликанти, а најмногу поради тоа што самата Унија го стопираше процесот на проширување поради внатрешни несогласувања, анализираат медиумите.

Според нив, Кина и Русија го искористија тоа време за да го зголемат своето влијание во регионот.

Share
Scroll to Top