Борут Пахор ја напушта словенечката политика

пред 3 години

Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува следната година, рече дека нема планови за словенечката политика. Тој рече дека е задоволен од она што го постигнал за десет години како претседател.

„ Многу ми е важно да си ја работам работата до последниот ден од следната година, за да можам задоволен да си заминам од ова место“, рече тој во традиционалното предновогодишно интервју за Словенечката телевизија.

„ Тогаш, по десет години, ќе можам да кажам: она за што се натпреваруваше за оваа позиција, повеќе или помалку го постигна, а сега можеш да си заминеш со чиста совест“, рече Пахор.

Кога ќе ја напушти функцијата, Пахор ќе има 59 години и вели дека нема интерес за словенечката политика, но не открива што ќе прави.

Заедно со премиерот Јанез Јанша, кој е пет години постар, Пахор е еден од словенечките политичари со најдолг стаж од оваа генерација. Беше претседател на Собранието, премиер, но и лидер на опозицијата, како и неполн мандат и пратеник во Европскиот парламент.

На претседателските избори во 2012 година, тој го победи својот претходник Данило Тирк во вториот круг од изборите.

Инаку, Словенија идната година трипати ќе оди на избори, прво на парламентарни, а наесен и на претседателски и локални.

Пахор работата на владата на Јанша ја оцени како успешна и додаде дека одлуката за распишување парламентарни избори официјално ќе ја соопшти на 9 февруари, а тие ќе се одржат на 24 април.

Share
Scroll to Top