Столар од Сари во Обединетото Кралство, Роберт Родс (52), е прогласен за виновен за убиство на својата сопруга Доун Родс, осум години откако првично бил ослободен од обвинението, објави Скај њуз.
Родс ја убил сопругата во јуни 2016 година во нивниот дом во Редхил, тврдејќи дека дејствувал во самоодбрана, по што во 2017 година бил ослободен. Случајот бил повторно отворен откако нивното дете во 2021 година дало ново сведочење, наведувајќи дека било манипулирано од таткото да лаже за настаните.
Апелациониот суд ја поништил ослободителната пресуда поради новите докази, а поротата на Крунскиот суд во Лондон сега го прогласи Родс за виновен за убиство, суровост кон дете, попречување на правдата и кривоклетство. Изрекувањето на пресудата е закажано за 16 јануари.
Текстот Британец тврдеше дека во самоодбрана ја убил сопругата, судот му поверува – сè се смени кога проговори детето осум години по убиството е превземен од МАКФАКС.






