Британија издвојува 700 милиони евра за заштита од здравствени и безбедносни закани поврзани со вештачката интелигенција

Британија издвојува 700 милиони евра за заштита од здравствени и безбедносни закани поврзани со вештачката интелигенција

пред 58 минути

Велика Британија ќе издвои 700 милиони евра за заштита на населението од здравствени и безбедносни закани поврзани со вештачката интелигенција (ВИ), вклучително и за развој на системи за откривање биолошки и сајбер-закани.

Најголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за нова иницијатива за биолошка безбедност. Во нејзини рамки, 119 милиони евра ќе бидат инвестирани во лабораторија која ќе користи вештачка интелигенција за откривање биолошки закани, а дополнителни 77 милиони евра ќе бидат наменети за развој на мерки за заштита од патогени.

Владината инвестиција во лабораторијата ќе биде поддржана и со кредити во вредност до 238 милиони евра од компаниите „OpenAI“ и „Anthropic“.

Целта е развој на медицински мерки за справување со нови патогени и подобра заштита од идни пандемии, најави министерот за финансии Џон Хили.

Дополнително, 35 милиони евра ќе им бидат доделени на регионалните градоначалници за поддршка на локални проекти во областа на вештачката интелигенција.

Националниот центар за сајбер-безбедност, пак, ќе ги прошири своите активности во Манчестер, како дел од пошироките напори за зајакнување на безбедноста и откривање потенцијални закани.

Текстот Британија издвојува 700 милиони евра за заштита од здравствени и безбедносни закани поврзани со вештачката интелигенција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top