Повеќе од 150.000 луѓе починале од Ковид-19 во Велика Британија, која стана првата земја во Европа што ја надмина оваа бројка, пренесува „Гардијан“.
Британија денеска стана седмата земја во светот која преминала 150.000 смртни случаи од ковид, по САД, Бразил, Индија, Русија, Мексико и Перу.
Британија ја достигна оваа бројка откако денеска беа регистрирани уште 313 смртни случаи, па од почетокот на пандемијата починале вкупно 150.057 пациенти.
Сепак, според „Гардијан“, податоците на Националната служба за статистика покажуваат дека во земјата имало 174.000 смртни случаи, каде што како причина за смртта бил наведен ковид.
Во претходните седум дена починале 1.271 пациент, што е зголемување за 38 отсто во однос на претходната недела.