Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, денес оцени дека идејата за воведување на ковид-пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата.
„Тоа е комплицирано, но релевантно прашање како да се помогне за нормализирање на животот во Британија“, рече Сунак утрово во интервју за Би-Би-Си.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, минатата недела изјави дека владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за користење сертификати за лица кои се имунизирани, што ќе придонесе за обновување на секторот за забава и услуги.