Британскиот министер за здравство: Нападите врз болниците во Украина се воено злосторство

пред 3 години

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид во моментот кога беше објавено дека починале бебето и трудницата кои биле во породилиштето во Мариупол што беше бомбардирано изјави:

„Да, тоа е ужасно злосторство, тоа е воено злосторство бидејќи според меѓународното право не можете да ги нападнете здравствените установи и болници“.

Џавид рече дека најновите информации од Светската здравствена организација покажуваат дека 31 здравствена установа била гранатирана низ Украина, вклучително и онколошката болница.

Запрашан за руските наводи за лажни вести, Џавид рече: „Единствената лажна вест е се што слушаме од Русија. Ние самите можеме да видиме што навистина се случува“.

На прашањето за руските ракети во близина на полската граница, Џавид рече дека сите биле многу јасни.

„Ако има напад врз која било земја на НАТО, дури и само руски војник да ја помине територијата на НАТО, тогаш тоа ќе биде војна со НАТО, а НАТО ќе одговори“.

Џавид откри дека 21 Украинско дете дошле во Велика Британија за да бидат лекувани и додаде, тие можат да останат онолку долго колку што е потребно.

Тие првично добија шестмесечни визи кои ќе бидат продолжени за најмалку три години. Кажа дека вкупно 49 лица влегле со децата, вклучувајќи родители и старатели.

Share
Scroll to Top