Брод полн со кокаин и без екипаж пронајден насукан на остров во Пацификот

пред 3 години

Брод без екипаж, долг пет и пол метри, натоварен со кокаин, беше откриен минатата недела засукан на атол Ајлук, дел од Маршалските острови, изјави државниот правобранител.

Вкупно 649 килограми кокаин биле скриени под палубата, изјави во средата јавниот обвинител Ричард Хиксон.

Тој процени дека бродот најверојатно пристигнал од Централна или Јужна Америка и евентуално пловел по морето една или две години.

Полицијата соопшти дека дрогата, спакувана во пакувања од по килограм и етикетирана како „KW“, била запалена, а зачувани биле само две пакувања за да бидат испратени на анализа до американската Управата за борба против наркотици (ДЕА).

Не е невообичаено остатоци од бродови од другата страна на Пацификот да завршат на Маршалските острови. Пратки со дрога и претходно завршувале на крајбрежјето, особено на атол Ајлук, но пратката од минатата недела беше најголема досега.

Полицијата претпоставува дека екипажот можеби го напуштил бродот за да избегна апсење или пак загинал во бура.

Share
Scroll to Top