Бугарија се откажа од вакцинацијата според приоритети поради малиот одѕив

пред 4 години

Бугари од сите возрасти, некои на возраст од 20 години, чекаат во долги редици пред болниците откако владата дозволи да се вакцинираат сите граѓани, бидејќи се пријавиле малкумина од приоритетните групи. Помалку од една третина од луѓето од приоритетните групи одлучиле да се вакцинираат.

Бугарската влада затоа објави дека некои болници ќе почнат да ја даваат вакцината на „Астразенека“ на секој што сака.

Одлуката за откажување на списоците со приоритети е донесена откако земјата забележа најниска стапка на вакцинација во Европската Унија, главно поради загриженоста на граѓаните за несакани ефекти и растечката недоверба кон владата и нејзините институции.

Во две одделни истражувања објавени минатата недела од институтите „Галуп“ и „Алфа рисерч“, 48 и 52 проценти од испитаниците изјавиле дека нема да се вакцинираат.

 

 

 

Share
Scroll to Top