Русија добила официјално известување од Бугарија, Полска и Чешка дека на руските авиони им е забранет влез во воздушниот простор на тие земји, објави ТАСС пренесувајќи информација од извор близок до руска авиокомпанија.
Тој додал дека Русија сега планира понатамошни активности.
„Бугарија, Полска и Чешка испратија известување за забрана за користење на нивниот воздушен простор (за руски авиони), така што сега ги разгледуваме нашите идни дејствија“, нагласил изворот.