Вакцинацијата против коронавирусот мора да се прави на секои шест месеци, изјави директорот на Рускиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинзбург.
Тој рече дека истото важи и за оние кои веќе се заразиле со Ковид-19. Гинзбург истакна дека Ковид-19 вирусот постојано мутира.
„Вакцинацијата во моментов е неопходна на секои шест месеци, како што е наведено од Министерството за здравство во сите свои упатства. Истото важи и за оние кои биле заразени, со цел да се одржи високо ниво на заштитни антитела“, посочи Гинзбург на прес-конференција во Москва и ги повика сите граѓани да се вакцинираат.
Гинзбург истакна дека граѓаните на Русија ќе бидат заштитени од коронавирусот само доколку се вакцинира мнозинството од населението, односно околу 70 проценти од населението и се надева дека луѓето засекогаш ќе бидат ослободени од обврската да носат маски и ракавици и ќе можат да присуствуваат на масовни настани и да јадат во ресторани.