(Видео) Актерот Жерар Депардје гласаше на руските избори во амбасадата во Париз

пред 3 години

Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје, кој има и руски пасош, гласаше на руските парламентарни избори во амбасадата на Русија во Париз.

„Гласав затоа што тоа е моја должност. Се восхитувам на Русија, се восхитувам на рускиот претседател Владимир Путин“, рече актерот пред новинарите, а пренесе агенцијата ТАСС.

Депардје изјави дека ретко гласал во Франција, но дека гласа за Русија.

„Верувам дека има демократија во Русија“, посочи тој.

Актерот додаде дека често оди во Русија и планира таму да отпатува во март.

Во Франција, парламентарните избори во Русија се одржуваат во амбасадата во Париз, како и во руските конзулати во Стразбур и Марсеј и во Вилфранш сур Мер.

Share
Scroll to Top