Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека операциите не се загрозени. Штетата врз американските објекти е минимална, соопшти CENTCOM на социјалните медиуми.
„По почетниот бран напади на САД и партнерите, силите на CENTCOM успешно се одбранија од стотици ирански ракети и дронови. Нема извештаи за американски жртви или повредени во борба. Штетата врз американските објекти беше минимална и не влијаеше врз операциите“, се вели во соопштението.
NEW: CENTCOM releases footage of Operation Epic Fury. pic.twitter.com/ki4fF0o7do
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Нападите беа извршени како дел од операцијата „Епски гнев“ (Epic Fury). Беа користени „прецизна муниција лансирана од воздух, копно и море“ и „евтини еднонасочни дронови за напад“, се додава во соопштението на Централната команда.
Американската војска за прв пат користеше еднонасочни напаѓачки дронови за време на нападите врз Иран во саботата.
„Во првите часови од операцијата беше користена прецизно водечка муниција лансирана од воздух, копно и море“, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ. „Покрај тоа, групата за напад „Task Force Scorpion Strike“ на CENTCOM за прв пат во борба употреби евтини еднонасочни напаѓачки дронови“
Беспилотните летала што ги користат се со обратен инженеринг од иранскиот дрон „Шахед“, кој беше запленет од американските сили пред неколку години.
Текстот (Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“ е превземен од МАКФАКС.






