(Видео) Ајкула залутала во јужнокорејско пристаниште; 600.000 луѓе дошле да ја видат

(Видео) Ајкула залутала во јужнокорејско пристаниште; 600.000 луѓе дошле да ја видат

пред 2 часа

Ајкула што залутала во пристаништето на Бусан, голем пристанишен град во југоисточна Јужна Кореја, стана вистинска атракција. Градските власти проценуваат дека околу 600.000 луѓе дошле да ја видат во текот на изминатите две недели.

Ајкулата, долга околу 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обидоа да спроведат операција за спасување откако ајкулата не успеа сама да најде пат назад кон отвореното море, но обидот беше неуспешен.

Крајбрежната стража и други служби ангажираа пловни објекти за да прскаат вода зад ајкулата во обид да ја насочат кон океанот, но животното пливало подалеку од водените млазови.

Како што пренесе весникот Chosun Daily, властите сега планираат задутре да употребат рибарска мрежа за да се обидат да ја изведат од каналот. Во меѓувреме, ајкулата стана ѕвезда во Јужна Кореја и го доби прекарот „Буканги“.

За време на четиридневниот празник Чусок минатиот викенд, околу 480.000 луѓе го посетија крајбрежниот парк каде што се појави ајкулата. Вообичаено, паркот привлекува околу 2.000 посетители дневно за време на викендите, според соопштението на градот Бусан и медиумските извештаи.

Вчера, Бусан исто така ја прогласи ајкулата за почесен амбасадор за односи со јавноста на градот.

Текстот (Видео) Ајкула залутала во јужнокорејско пристаниште; 600.000 луѓе дошле да ја видат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top