(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

пред 4 часа

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од аеродромскиот комплекс. Снимките од местото покажуваат густ чад, а според првичните информации се претпоставува дека авионот му припаѓа на „Амазон“.

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) за Си-Ен-Ен потврди дека авионот излетал од пистата по слетувањето околу 14 часот по локално време. Станува збор за товарен „боинг 767-300“, кој летал од Сан Хуан, Порторико.

На аудиоснимка од комуникацијата со контролниот торaњ се слуша како земјената служба известува за инцидентот.

„Се чини дека имаме авион кој излета од пистата 30“, се наведува во пораката.

Поради авионот, сообраќајот на аеродромот во Мајами е запрен, соопшти ФАА.

Текстот (Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top