(Видео) Бројот на загинати во поплавите во Европа се искачи на 16

(Видео) Бројот на загинати во поплавите во Европа се искачи на 16

пред 2 дена

Бројот на загинати во поплавите во Централна и Источна Европа се искачи на најмалку 16, а уште неколку лица се водат како исчезнати.

Шефот на чешката полиција Мартин Вондрашек изјави за локалното радио дека жената се удавила во близина на Брунтал, град со околу 15.000 жители на североистокот на земјата, додека уште седум лица се водат како исчезнати.

Во Австрија, локалните медиуми објавија дека двајца мажи на возраст од 70 и 80 години се удавиле откако водата ги заробила во нивните домови во градовите Бехајмкирхен и Сиерндорф. Двата града се наоѓаат во тешко погодената североисточна покраина Долна Австрија.

Бројот на загинати во Полска се искачи на шест, откако хирург кој се враќаше од болница се удави во југозападниот град Ниса. Шест лица загинаа во Романија за време на викендот, како и еден пожарникар во Австрија.

Текстот (Видео) Бројот на загинати во поплавите во Европа се искачи на 16 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top