(Видео) Воен авион се урна на Тајланд: загинаа двајца пилоти

(Видео) Воен авион се урна на Тајланд: загинаа двајца пилоти

пред 5 часа

Воен авион се урна денес во шумска област во северен Тајланд за време на тренинг лет, при што загинаа двајцата пилоти во него, според тајландските воздухопловни сили и тајландските медиуми.

„Двајца пилоти загинаа во падот на лесен напаѓачки авион AT-6TH утрово за време на тренинг вежба“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Џаккрит Таманвичаи.

Локалните медиуми објавија дека авион со две седишта се урна во покраината Чијанг Маи. Властите ја истражуваат причината за несреќата и се упатија кон местото на несреќата, објавија медиумите.

Текстот (Видео) Воен авион се урна на Тајланд: загинаа двајца пилоти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top