(Видео) Воен хеликоптер се урна во близина на Брчко, 4 загинати: објавена е снимка од несреќата

(Видео) Воен хеликоптер се урна во близина на Брчко, 4 загинати: објавена е снимка од несреќата

пред 3 часа

Четири лица загинаа, а 11 се повредени кога воен хеликоптер на мисијата ЕУФОР се урна во селото Горице, во близина на Брчко, во Босна и Херцеговина.

Меѓу загинатите има двајца припадници на италијанските вооружени сили и двајца припадници на италијанскиот воен Црвен крст. Според последните информации од ЕУФОР, сите повредени се во стабилна состојба.

Девет од повредените добиле медицинска помош во Брчко, додека двајца се пренесени во болница во Тузла.

Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Крозето, ги соопшти имињата на четирите жртви и најави дека ќе ги посети повредените војници во Босна и Херцеговина.

Крозето потврди дека загинатите се наредниците од италијанските воздухопловни сили, Симоне Руџа и Клаудио Маркези, како и поручникот Франко Адријано Зекило и наредникот Лаура Прокачи од Доброволниот воен корпус на Италијанскиот црвен крст.

„Ја споделуваме тагата на семејствата кои ги загубија своите најблиски – поединци кои ги дадоа своите животи служејќи ѝ на Италија, на одбранбениот сектор и на војската“, напиша италијанскиот министер за одбрана.

$bp(“TargetVideo_93310573”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”2871620″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека е длабоко потресена од несреќата.

„Длабоко сум потресена од веста за трагичната несреќа во која учествуваше италијански хеликоптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина. Моите мисли се со жртвите, нивните семејства и со сите оние кои минуваат низ овој тежок период додека се во мисија за мир и стабилност во регионот. Им изразувам длабоко сочувство и поддршка, во мое име и во име на италијанската Влада“, рече Мелони.

Каја Калас изрази сочувство
Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изрази сочувство до семејствата на жртвите и до италијанските власти. „Длабоко сум потресена од веста за загубата на животи при падот на хеликоптер на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ во близина на Брчко, во Босна и Херцеговина“, напиша Калас на социјалната мрежа Икс.

Италијански министер: Длабоко сум потресен
Италијанскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, се огласи по повод несреќата. Во објава на социјалната мрежа Икс, неколку часа по падот на леталото, тој изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Длабоко сум потресен и им ја давам целосната поддршка на нашите вооружени сили по трагедијата во Босна. Моите мисли се со семејствата на жртвите. Ова е ужасна несреќа која го погодува секој Италијанец право во срцето“, напиша Тајани.

Текстот (Видео) Воен хеликоптер се урна во близина на Брчко, 4 загинати: објавена е снимка од несреќата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top