На аеродромот во Кабул владее општ хаос. Агенцијата „Ројтерс“ пренесува изјави на очевидци кои тврдат дека најмалку пет лица загинале на аеродромот, додека стотици луѓе се обиделе насилно да влезат во авионите што го напуштаат авганистанскиот главен град.
Објавени се и снимки на кои се гледа како голем број луѓе лежат на земја.
? SUIVI – #Afghanistan : Les médias #talibans accusent les soldats américains d’avoir tué des afghans sur le tarmac de l’aéroport hors ces personnes sont décédées dans le chaos et la panique. (?IMAGES CHOC) #TalibanTerrorists #Kabul #Taliban pic.twitter.com/0xn7JAvm1g
— FranceNews24 (@FranceNews24) August 16, 2021
Не е јасно дали биле застрелани, прегазени и дали се живи, повредени или мртви.
Еден сведок рекол дека видел како се изнесуваат тела на пет лица. Друг сведок изјавил дека е нејасно дали жртвите загинале од истрели или стемпедо, наведува „Ројтерс“.
Американските војници задолжени за заштита на аеродромот претходно пукаа во воздух за да ја растераат толпата, соопшти американски претставник.
Официјалните лица не се веднаш достапни за да ги коментираат смртните случаи.