(Видео) Вооружени крадци ограбиле банка и врзале заложници за автомобилите со кои бегале од полицијата

пред 4 години

Вооружени разбојници кои ограбиле банка врзале заложници врз возилата за бегство по рацијата во градот Аракатуба, во јужен Бразил.

Полицијата соопшти дека загинале најмалку три лица, меѓу кои двајца цивили и еден осомничен крадец.

Официјални лица изјавија дека повеќе од 50 луѓе учествувале во грабежот, блокирајќи ги патиштата со запалени возила и поставувајќи експлозивни направи низ градот.

Градоначалникот на Аракатуба, Диладор Борхес, изјави дека полицијата имала потешкотии да интервенира.

„Полицијата не може да нападне, не може да им се спротивстави затоа што на ризик се изложени премногу животи“, рече тој.

Додаде дека не знае дали разбојниците ги ослободиле сите заложници, но рече дека безбедносните сили ја вратиле контролата врз центарот на градот.

Објавените снимки покажуваат вооружени напаѓачи кои земаат заложници низ улиците и ги врзуваат за покривите на автомобилите додека бегаат од полицијата.

Судбината на повеќето заложници, вклучувајќи ги и оние врзани за возилата, е нејасна.

Градоначалникот ги повика луѓето да останат дома, предупредувајќи ги за опасноста од експлозивни направи.

„Живееме во момент на терор“, рече градоначалникот Борхес.

Share
Scroll to Top