Српскиот претседател Александар Вучиќ денес е вакциниран со кинеската вакцина на „Синофарм“, пишуваат српските медиуми.
Вучиќ е вакциниран во Рудна Глава, каде што на здравствените работници им донел цвеќе по пристигнувањето.
„Јас дури не го ни почувствував тоа, лекарката Анита има лесна рака“, рече Вучиќ по вакцинацијата.
View this post on Instagram
Втората доза ќе ја добие некаде на југот на Србија.
„Ќе видиме дали тоа ќе биде Бабушница или Меросина, во секој случај, некаде на југот на Србија“, додаде тој.
На прашањето зошто чекал досега со вакцината, Вучиќ рече дека сакал да се вакцинира како обичен граѓанин, кога веќе биле вакцинирани милион луѓе.
Го прашаа и зошто во Рудна Глава.
„А зошто Рудна Глава? Затоа што го сакам, затоа што го сакам истокот на Србија. Не е само Белград”, рече тој.