Германската полиција спроведе масовна рација, приведувајќи три лица во врска со озлогласената кражба во 2019 година во која од музеј во Дрезден беше украден кралски дијамантски накит вреден над една милијарда долари, пренесува „Билд“.
Тројцата осомничени се уапсени за време на масовната полициска акција во Берлин утринава пренесуваат германските медиуми повикувајќи се на јавниот обвинител. Полицијата извршила претреси на 18 локации, а во рациите учествувале повеќе од 1.600 полицајци.
„Задоволни сме што уапсивме некои од осомничените и сигурни сме дека ќе ги пронајдеме и другите“, изјави началникот на полицијата во Саксонија, Хорст Кречмар, за „Билд“.
Апсењата се извршени во врска со грабежот во музејот „Грин волт“ во Дрезден, кој чува една од најголемите колекции на богатства во Европа.
Die Durchsuchungen von 18 Objekten in Berlin sind angelaufen. Drei Tatverdächtige wurden von Spezialkräften festgenommen. Aktuell sind rund 1.600 Beamte im Einsatz.
Hier unsere erste Polizeimeldung dazu: https://t.co/M7lpemCdwL #GrünesGewölbe #Dresden #SokoEpaulette #Berlin pic.twitter.com/BjkOrsSKof
— Polizei Sachsen (@PolizeiSachsen) November 17, 2020
На 25 ноември 2019 година, мал пожар избувнал во трафостаница на блискиот мост „Август“, што го оневозможил алармот за безбедност во музејот. Снимките од безбедносните камери покажаа како крадците влегле во музејот и со секира ги искршиле стаклените витрини. Тие украле неколку дијамантски комплети кралски накит во вредност од околу милијарда евра, вклучително и дијамант од 49 карати купен од Август Втори Силниот, владетелот на Саксонија и Полска од 18 век.
Накитот никогаш не биле вратен. Во јануари, израелската фирма за безбедност „ЦГИ Груп“ објави дека поединци кои тврдат дека поседуваат два од украдените дијаманти, се обидуваат да ги продадат на „даркнет“. Според „Билд“, локациите што ги пребарува полицијата се во сопственост на криминалната банда позната како кланот Ремо. Неговите членови беа осудени за кражба на џиновски златник од 100 килограми од музејот „Боде“ во Берлин во 2017 година.