Авионот, кој вчера удри во зграда во италијанскиот град Милано, го управувал романскиот милијардер Дан Петреску (68), кој починал заедно со неговата сопруга и нивниот син, пренесуваат италијанските медиуми.
Во несреќата загинаа осум луѓе.
Според информациите, авионот требало да оди на островот Сардинија, но се урна набргу по полетувањето од миланскиот аеродром Линате.
По несреќата, зградата се запали, како и автомобилите во близина, но за среќа никој од теренот не е повреден.
Започната е истрага за причините за несреќата. Некои сведоци велат дека авионот „Пилатс ПЦ-12“ со еден мотор веќе бил во пламен кога се урнал.
Покрај пилотот, неговата сопруга и нивниот 30-годишен син, меѓу загинатите има и едно дете. Меѓу патниците има и француски државјанин роден во Романија.