(Видео) Додик од автомобил им покажа среден прст на новинарите

пред 2 години

По распитот на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик во Обвинителството на БиХ, тој им покажа среден прст на новинарите, пренесува Н1 БиХ.

Неговата ќерка, Горица Додик, твитна за случајот.

„ Тоа е малку што заслужувате“, напиша Горица Додик.

Засега не се познати деталите од рочиштето, но се знае дека се работи за случајот „Павловиќ банка“, односно за купувањето на вила на Дедиње.

Од Обвинителството на БиХ претходно за Н1 изјавија дека случајот „Павловиќ банка“ е во фаза на отворена истрага.

„ Истрагата за случајот е наредена во февруари 2016. Во текот на истрагата, меѓу другото, побарана е меѓународна правна помош од Обвинителството за организиран криминал на Република Србија.

$bp(“Brid_47958420”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”977609″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Обвинителството на БиХ се уште нема добиено докази од Обвинителството за организиран криминал на Република Србија и тие се во фаза на собирање. Обвинителската одлука за случајот ќе биде донесена кога ќе се исполнат сите потребни услови“, велат од обвинителството.

Инаку, сопственикот на „Павловиќ банка“, Слободан Павловиќ, загина во сообраќајна несреќа во Америка на 17 декември, минатата година.

Share
Scroll to Top