Ел Салвадор вчера им понуди на Соединетите Држави да ги прифатат депортираните „опасни криминалци“ во нивните затвори, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по средбата со претседателот на централноамериканската земја, Наиб Букеле.
Шефот на американската дипломатија, на својата прва турнеја во странство, бара поддршка од земјите во регионот во напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да депортира голем број илегални мигранти.
— Nayib Bukele (@nayibbukele) February 3, 2025
Рубио разговарал со Букеле и неговите соработници речиси три часа, а на средбата се договориле да примат и депортирани кои не се државјани на Ел Салвадор. „Секој илегален имигрант во САД кој е опасен криминалец, МС-13, Трен де Арагва, од каде и да се – Букеле ни ги понуди нивните затвори за да можеме да ги испратиме и да ги приведеме таму“, рече Рубио, именувајќи некои криминални групи.
Букеле, исто така, понуди да и дозволи на неговата земја да прифати опасни криминалци кои се американски државјани, но не е познато дали САД ќе ја прифатат понудата, пренесува Ројтерс. Во објава на платформата Икс, Букеле објави дека понудил да им даде дел од затворскиот систем на САД. Цената би била релативно ниска за САД, но значајна за Ел Салвадор бидејќи ќе го направи одржлив целиот затворски систем на таа земја, додаде Букеле.
Текстот (Видео) Ел Салвадор ќе ги прифати депортираните „опасни криминалци“ од САД е превземен од МАКФАКС.