(Видео) Епилог од прославата за победата на ПСЖ: двајца загинати, полицаец во кома, 192 повредени, 559 лица приведени

(Видео) Епилог од прославата за победата на ПСЖ: двајца загинати, полицаец во кома, 192 повредени, 559 лица приведени

пред 1 месец

Француските власти соопштија дека двајца навивачи починале, еден полицаец е во кома, а 559 лица се приведени во синоќешните инциденти низ Париз по победата на ПСЖ.

Повредени се 22 припадници на безбедносните сили, како и седум пожарникари.

Пријавени се 692 пожари, од кои 264 биле вклучени во возила.

На некои места избувнаа судири со полицијата, а беа употребени и водни топови и солзавец.

На плоштадот Етоил, демонстрантите ја пробија полициската бариера.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретајо остро го осуди насилството.

„Вистинските навивачи слават, додека варварите го уништуваат градот и ја провоцираат полицијата“, рече тој на мрежата X.

Текстот (Видео) Епилог од прославата за победата на ПСЖ: двајца загинати, полицаец во кома, 192 повредени, 559 лица приведени е превземен од МАКФАКС.

Share