Грчките министри ќе бидат меѓу првите вакцинирани против коронавирус

пред 3 години

Министрите и официјалните претставници на грчката влада, кои се сметаат за клучни за функционирањето на државните органи, ќе бидат меѓу првите кои ќе бидат вакцинирани.

Како дел од државниот план за вакцинација наречен „Елефтерија“, повеќето државни службеници вакцината ќе ја примат во следните 10 дена, пренесува АНА.

Досега се вакцинирани повеќе министри, а неделава ќе дојде ред на грчкиот шеф на дипломатијата, на претставници на Министерството за здравство, како и на шефот на грчката разузнавачка и безбедносна структура, Димостенис Анагностопулос.

Share
Scroll to Top