(Видео) Зеленски: Погодивме две руски рафинерии, едната со дронови со домет од 2.500 километри

(Видео) Зеленски: Погодивме две руски рафинерии, едната со дронови со домет од 2.500 километри

пред 1 час

Според новите податоци од локалните власти, најмалку 35 лица загинаа, а 24 беа ранети во вчерашните руски напади врз источниот украински регион Доњецк. Во меѓувреме, Русија пријави четири жртви во својот регион Белгород, пренесува „Еуроњуз“.

„На 8 октомври, Русите убија 35 жители на регионот Доњецк: 32 во Краматорск и тројца во Биленке“, објави регионалниот гувернер Вадим Филашкин на „Телеграм“. Вчера наутро, руските сили погодија два автобуса во Краматорск. Јавниот превоз во градот потоа беше прекинат додека траеја операциите за пребарување и спасување.

По нападот врз Краматорск, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека нападот нема да остане без одговор. „Русија се обидува да го уништи целиот живот во Донбас, а светот мора да реагира. Потребен е силен одговор – токму таков каков што го заслужуваат Русите за сите смртни случаи што ги предизвикаа“, напиша тој на платформата „Икс“.

Филашкин истакна дека Русија во изминатите 24 часа повеќе од 30 пати гранатирала делови од регионот Доњецк, што довело до евакуација на 379 лица. Гувернерот ги повика преостанатите жители да го напуштат регионот и да се преселат во побезбедни делови од земјата.

„Украинските сили извршија напад врз руска рафинерија за нафта во Омск“
Зеленски денеска објави дека украинските сили извршиле напад врз руска рафинерија за нафта во Омск, како и врз објект во Ухта.

„Имаше уште еден напад врз руската рафинерија за нафта во Омск – една од големите рафинерии – како и врз рафинеријата во Ухта, која се наоѓа на 1.900 километри од државната граница на Украина. Целта во Ухта беше погодена со дронови ’Ан-196 РС‘, кои имаат домет од околу 2.500 километри, додека претходниот ден против рафинеријата во Омск беа употребени дронови ’ФП-6‘ (модифицирани ’ФП-1‘)“, напиша Зеленски.

„Продолжуваме да одговараме на руските напади врз Украина, и тоа го правиме со висока прецизност. Погоден беше и уште еден центар за податоци – симетричен одговор од наша страна. Ова е важен показател за прецизноста на нашите борци. Слава на Украина!“, додаде Зеленски, објавувајќи снимки од последиците од нападите.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп претходно го повика Киев да престане со нападите врз руските рафинерии. Тој тврди дека овие напади предизвикуваат глобален недостиг што „му штети на светот“.

Текстот (Видео) Зеленски: Погодивме две руски рафинерии, едната со дронови со домет од 2.500 километри е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top