(Видео) Земјотрес уништи дел од остров, се сруши во море

(Видео) Земјотрес уништи дел од остров, се сруши во море

пред 1 година

Клисура на истокот на островот Куешан, популарна туристичка дестинација во Тајван, се откина и се лизна во морето по разорниот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата вчера.

Тајванската телевизиска станица „ТВБС“ прва ја објави веста за штетите на островот Куеишан, кој поради својата форма го нарекуваат и „островот на желките“.

Тајванскиот медиумски портал „Кридерс“ напиша дека големи камења паднале во морето, но дека никој не е повреден бидејќи во тоа време во близина немало туристи или чамци.

Земјотресот го погоди Тајван во средата наутро во најфреквентно време, а беше почувствуван и на целиот остров, кој има повеќе од 23 милиони жители.

Тајванската централна метеоролошка управа (CWA) соопшти дека земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случил во 7:58 часот во средата (вторник 23:58 часот по средноевропско време) на длабочина од 15,5 километри.

Текстот (Видео) Земјотрес уништи дел од остров, се сруши во море е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top