(Видео) Израелци во паника бегаат од плажа, проектили паднаа во морето

(Видео) Израелци во паника бегаат од плажа, проектили паднаа во морето

пред 3 часа

Хезболах испали десетици ракети и дронови кон северен Израел во текот на викендот, додека израелската армија (ИДФ) објави планови за засилување на својата кампања против организацијата во Либан.

Жителите на бројни населби на северот од земјата беа принудени да избегаат во засолништа. Снимките објавени од израелското воено радио во саботата покажаа ракети на Хезболах како паѓаат во морето во близина на плажата во Нахарија, додека испаничените посетители трчаат барајќи засолниште меѓу експлозиите.

Ова беше првиот ракетен напад на Хезболах врз Нахарија за речиси еден месец. ИДФ соопшти дека некои од ракетите биле пресретнати, додека други паднале во ненаселени области. Хезболах, исто така, го нападна Кармиел, во она што беше најоддалечениот напад на Хезболах откако прекинот на огнот стапи на сила пред еден месец.

Хезболах испука помеѓу 10 и 15 ракети во текот на ноќта од петок до сабота, а дополнителни напади следеа во текот на денот. Една од ракетите го погоди центарот на Кирјат Шмона директно преку ноќ, потврди израелската војска (ИДФ).

Според градоначалникот Авичаи Стерн, преостанатите ракети беа успешно пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“ за време на нападот. Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека се подготвува за можноста за зголемени напади од Либан, особено кон северот на земјата, по проширувањето на воените операции на ИДФ на либанска територија.

Иако нема промени во упатствата на Командата за цивилна заштита, израелската војска ги повика граѓаните да бидат претпазливи и да се однесуваат одговорно, како и да се придржуваат до постојните безбедносни упатства.

Текстот (Видео) Израелци во паника бегаат од плажа, проектили паднаа во морето е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top