(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

пред 2 дена

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот генерал Јарослав Москалик.

„Киевскиот режим уште еднаш ја покажа својата вистинска природа. Киевскиот режим продолжува да се вклучува во терористички активности во нашата земја“, рече Песков. „Ова уште еднаш покажува дека, и покрај мировните преговори, мора да останеме будни и да разбереме со каков режим си имаме работа“, додаде тој.

Украинските власти сè уште не дадоа коментар за нападот. Претседателот Володимир Зеленски денес, по рускиот ракетен напад врз Киев во кој загинаа 12 цивили, повика на дополнителен притисок врз Москва.

Текстот (Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top