(Видео) Лукашенко понуди да го однесе Зеленски кај Путин; Зеленски: Што сум јас за него – куфер?

(Видео) Лукашенко понуди да го однесе Зеленски кај Путин; Зеленски: Што сум јас за него – куфер?

пред 2 часа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби предлогот на белорускиот претседател Александар Лукашенко лично да го придружува до Москва на преговори со рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски го отфрли предлогот како несериозен, возвраќајќи дека Лукашенко, наместо тоа, би можел да го донесе Путин во Киев.

„Тој предлага да ме земе со себе. Што сум јас, куфер? Да ме стави во авион и да одлета? Тоа не е сериозен разговор“, рече Зеленски. „Тој би можел да го донесе Путин и да долета со него во Киев. Ние би ја гарантирале нивната безбедност овде“, додаде тој.

„Не можеме да се сретнеме ниту во Москва, ниту во Киев“
Украинскиот претседател нагласи дека, поради војната, средба со Путин не е можна ниту во руската, ниту во украинската престолнина. Тој оцени дека предлогот на Лукашенко воопшто не придонесува за завршување на војната.

„Ние сме во војна. Не можеме да се сретнеме ниту во Москва, ниту во Киев. Сите ние тоа одлично го разбираме. Кога некој ќе каже такво нешто, тоа едноставно не е сериозен разговор. Таа личност не нè приближува до крајот на војната“, изјави Зеленски.

Лукашенко понуди безбедносни гаранции
Претходно, белорускиот претседател предложи лично да го придружува Зеленски на разговори со Путин, нудејќи гаранции за неговата безбедност.

„Јас би можел да го придружувам до Москва, делувајќи како гарант за неговата безбедност и слично. Би можел да се качам во авион со него и да одлетаме за Москва“, рече Лукашенко.

Текстот (Видео) Лукашенко понуди да го однесе Зеленски кај Путин; Зеленски: Што сум јас за него – куфер? е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top