Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Фагерста во централна Шведска, соопштија локалните власти.
„Примен е телефонски повик во врска со инцидент што е опасен по живот во училиште во Фагерста. Полицијата пристигна на местото на настанот и едно лице е приведено“, соопшти полицијата.
Suède: plusieurs personnes blessées à coups d'épée dans un lycée, un suspect interpellé pic.twitter.com/y5W3alHj9k
— BFM (@BFMTV) August 21, 2026
Полицискиот кордон ја опкружува областа
„Полицијата продолжува да работи на местото на настанот. Ја повикуваме јавноста да ги почитува блокадите на патиштата и да ги следи полициските упатства“, додадоа тие.
Шведската влада е во близок контакт со полицијата по нападот, изјави за Ројтерс министерот за правда Гунар Штромер.
„Информирани сме за сериозен инцидент во Фагерста. Полицијата е на местото на настанот и работи многу интензивно на инцидентот“, рече Штромер.
Текстот (Видео) Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Шведска е превземен од МАКФАКС.





