(Видео) Мелони од хеликоптер го обиколи Нишеми, градот на Сицилија што го голта свлечиште

(Видео) Мелони од хеликоптер го обиколи Нишеми, градот на Сицилија што го голта свлечиште

пред 5 часа

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денес го посети сицилијанскиот град Нишеми, каде што по големо свлечиште десетици куќи се наоѓаат на работ од провалија, јави Анадолу.

Поради постепеното уривање на ридот, повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани. Свлечиштето започнало во неделата навечер и продолжило да се шири и во понеделникот.
Шефот на цивилната заштита, Фабио Чичилијано, изјави дека куќите на работ од свлечиштето се ненаселиви и дека жителите ќе бидат преселени.

Мелони го прелетала погоденото подрачје со хеликоптер, по што се сретнала со локалните власти за проценка на состојбата.

Италијанската влада прогласи вонредна состојба за Сицилија, Сардинија и Калабрија, региони тешко погодени од силни бури. За итни потреби се издвоени околу 100 милиони евра, додека локалните власти ја проценуваат штетата на повеќе од две милијарди евра.

Текстот (Видео) Мелони од хеликоптер го обиколи Нишеми, градот на Сицилија што го голта свлечиште е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top