(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

пред 3 години

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен.

Неговиот авион беше пренасочен од аеродромот Внуково, каде што го чекаа приврзаниците и новинарите, пренесуваат агенциите. Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.

Полицијата уапси околу 10 приврзаници на Навални кои го чекаа на аеродромот во Внуково, а меѓу нив е и опозициската политичарка, Љубов Собољ.

Навални престојуваше во Германија каде се лекуваше поради наводно труење. Нему од Москва му беше кажано дека ако не се врати во Русија до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја издржал затворската казна до крај.

Пред да се качи во авионот во Берлин, Навални рече дека се чувствува „многу среќен“.

Share
Scroll to Top