(Видео) Најмалку 100 мртви во експлозија во џамија во Авганистан

пред 3 години

Најмалку 100 луѓе загинаа во денешната силна експлозија во џамија во градот Кундуз во Авганистан, објави локалната полиција.

Претставници на талибанската полиција велат дека експлозијата била насочена кон шиитски муслимани во северениот дел на Авганистан.

Агенцијата АП ги пренесува зборовите на полицискиот службеник Доста Мохамед Обаид, кој изјавил дека повеќето жртви починале.

Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата во Кундуз.

Веста за експлозијата ја потврди и портпаролот на талибанците, Забибула Муџахид.

„Попладнево се случи експлозија во џамијата на нашите шиитски сонародници, во која загинаа и беа повредени повеќе лица“, напиша тој на „Твитер“.

Додаде и дека специјални единици се испратени на местото на настанот, пренесува „Ројтерс“.

Очевидци велат дека експлозијата се случила за време на традиционалната петочна молитва.

Во изминатите недели беа регистрирани неколку напади во Авганистан, вклучувајќи го и оној врз џамијата во Кабул, за што одговорноста ја презеде Исламската држава.

Share
Scroll to Top