(Видео) Најмалку 14 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан, над 20 лица се повредени

(Видео) Најмалку 14 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан, над 20 лица се повредени

пред 36 минути

Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци, загинаа, а повеќе од 20 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз учесници на протест против милитантите во северозападниот дел на Пакистан, соопшти полицијата.

Според началникот на окружната полиција, Омар Кан, нападот се случил во Кабал, град во долината Сват, во покраината Хајбер-Пахтунхва. Демонстрантите биле собрани во близина на полициска станица, каде што извикувале пароли против милитантните групи и барале мир, пренесува АП.

Самоубиецот ја активирал експлозивната направа меѓу насобраните граѓани, при што загинале најмалку 14 лица, а повеќе од 20 се здобиле со повреди. Надлежните предупредуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи дел од повредените се во тешка состојба.

Северозападниот дел на Пакистан со години е жариште на насилство, каде што често доаѓа до судири меѓу пакистанските талибанци, локални племенски групи, сепаратистички и други екстремистички организации.

Пакистанските безбедносни сили редовно спроведуваат антитерористички операции и рации во пограничните области кон Авганистан, во обид да го спречат дејствувањето на вооружените милитантни групи.

Текстот (Видео) Најмалку 14 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан, над 20 лица се повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top