(Видео) Најмалку 45 загинати во стампедо на погребот на танзанискиот претседател

пред 4 години

Најмалку 45 лица загинаа во стампедо за време на погребот на лидерот на Танзанија Џон Мафуфули, јави АФП, повикувајќи се на полицијата.

Според весникот, повредени се уште седум лица. Претходно беше објавено дека настрадале пет лица.

Магуфули почина на 17 март на 61 година во болница во Дар ес Салам, Танзанија. Иако владата останува на ставот дека претседателот починал од срцеви проблеми кои ги имал цела деценија, опозициските сили тврдат дека тој имал сериозни симптоми на коронавирус.

Претходно, Магуфули рече дека во земјата нема Ковид-19. Тој исто така ги охрабри жителите да се молат три дена во борбата против респираторните заболувања и истакна дека нема да наметне заклучување. Министерството за здравство објави дека Танзанија не планира да купи вакцини против Ковид-19.

Share
Scroll to Top