(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

пред 3 години

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат грчките медиуми. Пријавена е материјална штета. Во Хераклион беше наредена евакуација на училиштата и сите институции. Најмалку едно лице загина.
Станува збор за градежен работник кој работел на обнова на црквата во селото Аркалохори, пренесува Катимерини.

Ова го потврди и градоначалникот на Аркалохорија, кој исто така изјави дека се оштетени две цркви и други згради во селото.

Според него, две лица биле заробени, едното во црквата каде што се урнала куполата, а другото во неговата куќа.

Првата проценка на Геодинамичкиот институт за земјотрес, што се случи утрово на Крит, зборува за јачина од 5,8 степени, со епицентар на 78 километри јужно од Хераклион, најголемиот град на тој остров.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар одделно ги проценува вибрациите на 6,2 степени, пишува Катимерини.

Според првичните извештаи, епицентарот е на длабочина од 10 километри,

Последователните измерени земјотреси се со јачина од 3,8 и 4,5 степени.

Очевидци и локални медиуми тврдат дека земјотресот траел долго и бил силно почувствуван не само во Хераклион, туку и на целиот Крит.

Земјотресот како што пренесуваат грчките медиуми бил почувствуван на Крит, но и на познатиот остров Санторини.

Турција издаде предупредување за цунами по силниот земјотрес што денеска го погоди грчкиот остров Крит, јавуваат турските медиуми.

Властите во Турција ги предупредија жителите за можно цунами предизвикано од земјотресот во Грција.

Share
Scroll to Top